Ќе се воведува е-стечај

Bez autora
Mar 13 2011

Воведување е-стечај, поедноставување на начинот за отворање стечајна постапка и зајакнување на одговорноста на стечајните управници се дел од измените на Законот за стечај што вчера ја добија потребната поддршка од собраниската Комисија за економски прашања и беа проследени на натамошно читање. Со измените стечајните управници ќе имаат обврска да ги доставуваат сите податоци и промени поврзани со стечајната постапка до Централниот регистар и тие да бидат објавени на интернет-порталот на Регистарот. Документите потребни за отворање стечајна постапка сега ќе може да се доставуваат во рок од 30 дена, а зајакната е и одговорноста на стечајните управници во однос на можните одолговлекувања на постапката. Законот не е обемен, но е значаен бидејќи со измените ќе се постигне поголема транспарентност и ефикасност во спроведувањето на стечајната постапка и ќе се отстранат негативностите што беа увидени.

Ќе се воведува е-стечајВоведување е-стечај, поедноставување на начинот за отворање стечајна постапка и зајакнување на одговорноста на стечајните управници се дел од измените на Законот за стечај што вчера ја добија потребната поддршка од собраниската Комисија за економски прашања и беа проследени на натамошно читање.

Со измените стечајните управници ќе имаат обврска да ги доставуваат сите податоци и промени поврзани со стечајната постапка до Централниот регистар и тие да бидат објавени на интернет-порталот на Регистарот. Документите потребни за отворање стечајна постапка сега ќе може да се доставуваат во рок од 30 дена, а зајакната е и одговорноста на стечајните управници во однос на можните одолговлекувања на постапката.

„Законот не е обемен, но е значаен бидејќи со измените ќе се постигне поголема транспарентност и ефикасност во спроведувањето на стечајната постапка и ќе се отстранат негативностите што беа увидени. Ова не е решение што ќе ги реши сите проблеми, но е исчекор напред“, рече заменик-министерот за економија, Методиј Хаџи Васков, додавајќи дека предложените измени произлегуваат, пред се', од барањата на бизнис-заедницата.

Претседателот на Комисијата, Љубисав Иванов – Ѕинго, побара од Министерството за економија детаљна информација за стечајните постапки во последните неколку години со цел да се види поради кои причини стечајните постапки траат долго.

Комисијата даде поддршка и ги проследи на второ читање и измените на Законот за туристичка дејност со кои се врши разграничување меѓу казните што се изрекуваат на самото место и на оние што се изрекуваат од прекршочната комисија. Во предложеното законско решение има намалување на одреден број глоби, а се врши и усогласување со Законот за инспекциски надзор во делот на отворањето и следењето на постапката по жалба.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik